Хијарулонските филери се стерилни гелови, направени од стабилизирана хијалуронска киселина. Нашето тело поседува ензим, хијалуронидаза со која ја разградува хијслуронската киселина и поради тоа филерите со текот на времето биваат разградени и исчезнуваат. Колку ќе трае филерот зависи од вашето тело ќе го разградува филерот. Клиничкото искуство покажува дека кога прв пат ставате хијалуронски филери, доаѓа до силен оток, телото го препознава филерот како страно тело и брзо го разградува. Следниот пат оваа реакција е послабо изразена и филерот трае подолго. Имаме пациенти кои многу пати ставале филери
Ботоксот е токсин со кој ги парализираме мускулите и при тоа предизвикуваме естетски ефекти. Трае од 4-8 месеци, кај некои луѓе пократко, кај некои подолго. Времетраењето на ефектот е индивидуален и не постојат гаранции колку ќе трае. Кај пациенти кои ставале ботокс повеќе пати резултатите траат подолго поради атрофија на мускулите од неактивност.